вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Рауфи: Причина за смртта на Саздовски не се ударите од Бесир и Скендер, туку канделабрата на ЕВН

Скендер Демири и Бесир Беља обвинети за убиството на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски, на првоto рочиште се изјаснија невини за делото „убиство на свиреп начин” со кое се товарат.

Oдбраната на обвинетите ќе докажува дека немало никаква намера, волја, умисла на обвинетите да го лишат од живот сега починатиот Саздовски туку дека се работи за насилство.

-Сметам дека ќе успееме да докажеме дека причина за смртта е металната кутија, односно канделабра од ЕВН, која се наоѓала на автобуската постројка, изјави адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи.

-Нема свирепо убиство кај човек кој е во бесознание. Свирепо убиство претставува свест кај сторителот дека жртвата страда, рече Рауфи.

Одбраната ќе ја докажува невиноста на обвинетите преку реконструкција со увид на настан, испитување на обвинетиот и фотографии.

Обвинетите за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски Бесир Беља и Скендер Демири се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за убиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top