вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 83 ново

„Правда за Никола Груевски“: Кривичниот совет да ја прифати жалбата на пратеникот Никола Груевски

Иницијативата Правда за Никола Груевски бара и очекува кривичниот совет внимателно да ги согледа сите факти и аргументи наведени во жалбата на пратеникот Никола Груевски и да ја прифати со што ќе дозволи одложување на издржувањето на казната. 

Во соопштение до јавноста иницијативата ги информира граѓаните на Република Македонија дека барањето за правда ќе продолжи и во наредниот период преку преземање на сите демократски средства се до исполнување на нашите барања.

„Очекуваме, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кому му даваме јасна и недвосмислена поддршка да не дозволи политичкиот прогон во Република Македонија да продолжи.

Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!“, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top