вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Јас не пијам вода, само ракија: Дедото од Тетово стана хит на интернет(видео)

Тетово пред извесен период се соочи со голем проблем, недостиг на вода за пиење, а здравствените инситуции ја бараа причината за нејзиниот непријатен вкус.

Тоа било повод ТВ Сител на таа тема да направи анкета меѓу жителите на Тетово.

Кога репортерот на улица запрашал еден постар брачен пар дали пијат вода, дедото како од топ одговара: Не пијам вода, јас пијам само ракија!

И на дополнителното прашање на новинарот, каква е водата, дедото е искрен: Не знам, матна е веројатно!

Неговиот одговор набрзо се најде на социјалните мрежи и стана вистински хит на интернет со илјадници прегледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top