вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Поранешен пливач со над 5 000 вработени: Кој е Садетин Саран, новиот избраник на Емина Јаховиќ?

Српската пејачка Емина Јаховиќ неодамна започна врската со турскиот милијардер Садетин Саран. Медиумите од соседството пишуваат дека убавата пејачка веќе го запознала семејството на Саран и тие одлично ја прифатиле.

На прашањето, што најмногу и се допаѓа кај новиот дечко, таа одговорила – „Не знам што да ви кажам. Сѐ ми се допаѓа кај него“.

Инаку Садетин Саран е милијардер со шест компании и е поранешен пливач. Во јуни годинава, Емина и официјално се раведе од пејчаот Мустафа Сандал со кој им два сина. Сандал тргна по својот пат и започна врска со манекенката Џерен Хиндистан, а Емина во турскиот милијардер Саран.

– Се запознавме и излеговме неколку пати, многу ни беше убаво. Се запознав со неговото семејство, бевме на семеен ручек и ќе видиме што ќе биде понатаму. Одиме чекор по чекор, изјавила пејачката.

Покрај неколкуте компании, Саран поседува скапоцени јахти и неколку приватни авиони. Тој е некогашен менаџер на фудбалскиот клуб „Фенербахче“ и спорстки работник кој зад себе има успешна биографија.

Садетин е поранешен успешен пливач, а по спортската кариера и по враќањето од студиите во САД бил вработен во Министерството за култура и туризам на република Турција. Потоа, тој основал сопствен бизнис. Поседува шест компании кои се занимаваат со разлилни дејности, а пред една година ја основаше телевизијата „С спорт“ во која вложи околу 75 милиони евра.

Во моментов, има околу 5 000 вработени, а активен е и во хуманитарната работа, поради што е многу почитуван во цела Турција. Садетин зад себе има два брака, а често бил во врски со познати манекенки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top