вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Полицијата ја опколила болницата поради Дарко Лазиќ: Се обидуваат да спречат трагедија!

Пејачот Дарко Лазиќ се уште се наоѓа во КБЦ Земун, а поради него, како што се дознава ангажирани се повеќе полициајци кои ја опколиле болницата.

Имено, како што открива извор од болницата, поради проблемите на пејачот со наркотици, неколку дилери веќе се обиделе да внесат недозволени супстанци кај Дарко, поради што морале да бидат ангажирани органите на редот.

-Хаос е поради Дарко во болницата. Малку е се преувеличено, но полицијата мора да биде тука и да води сметка што се внесува во болницата. Веќе се обидоа да внесат недозволени супстанци-открил извор за Ало.

Инаку покрај бројните проблеми со скршеници, внатрешно крварење, откажување на органите и хематомите по телото, лекарите имаат проблем и со апситенцијалната криза низ која минува пејачот од моментот кога се разбудил од вештачка кома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top