сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 22 ново

Ребека: Да те немав, ќе те измислев

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески пред некој ден го прослави 12  роденден на својот син Маркијан.

По тој повод таа сподели емотивен статус на „Фесјбук“ со кој го честиташе роденденот на својот син.

„Маркијан, љубов моја. Да знаев дека ти ќе бидеш причина за да научам како и невозможното станува возможно и дека целите кои ги поставувам се градење на поубаво утре за многу деца, ќе си измислев дете како тебе. Моето се си ти, но и сите ближни луѓе околу тебе и Бог ни дал се за да се радуваме и да го менуваме овој свет кон подобро. Ти благодарам за љубовта и секојдневното твое. Мамичка те сака. Среќен 12ти роденден херој мој“, напиша Ребека на својот „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top