вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 45 ново

Го влечел по патот неколку метри: Утрово прегазен средношколец во Штип, во тешка состојба пренесен во болница

На булеварот „Гоце Делчев” во Штип утрово се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак. Несреќата се случила во 9 часот и 10 минути на пешачки премин, кога ученици од Средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин”, преминувале на пешачки премин, а возило марка „фолксваген” директно удрило во еден од пешаците и по булеварот го влечел неколку метри.

Според првичните информации, средношколецот е во тешка состојба и е веднаш хоспитализиран во Клиничката болница во Штип.

Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата, а се контролира и сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев” што е влез и излез на градот Штип.

Повеќе детали околу несреќата надлежните најавуваат во текот на денот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top