вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 58 ново

Девојка (20) прегази петгодишно девојче со џип

Вчера околу 15.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Ресен, управувајќи патничко возило „JEEP LIBERY“, 20-годишната Н.Ј. од село Царев Двор удрила во петгодишно девојче од Ресен.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Битола.

Увид на местото нa настанот извршила екипа од Полициската станица Ресен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top