вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Хорор во Мелбурн: Човек со нож уби едно лице и повреди уште тројца

Едно лице е убиено, а три се повредени откако со нож на улица во Мелбурн ги избоде засега неидентификуван напаѓач.

Полицијата била повикана поради пожар на автомобил, а по пристигнувањето на местото на настанот затекнале манијак со нож кој, наводно, го запалил автомобилот.

На снимките објавени на социјалните медиуми од инцидентот се гледа како напаѓачот постојано ги напаѓа полицајците со нож.

Полицијата подоцна потврди дека човек бил застрелан во градите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top