вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Почнува судењето за смртта на Никола Саздовски

Денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе почне првото рочиште од судењето за убиството на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски. Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б. и Скендер Р., а процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска-Стефановски.

Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена почина на КАРИЛ. Неговата смрт предизвика протести со осуда и барање правда. Саздовски беше претепан со боксови и клоци во главата и градите, а кога паднал на земјата и изгубил свест, напаѓачите продолжиле со ударите.

Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски кога првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста, а и откако тој почина. Против тројцата обвинети, од кои едниот сè уште е во бегство, ќе се води судска постапка за кривично дело убиство извршено на свиреп начин од член 123, став 2, точка 1 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top