вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 80 ново

Петнаесегодишната Софија почина од само една таблета екстази на приватна забава

Петнаесетгодишната Софија С. од Аранѓеловац починала после 4 дена броба за живот во болница, каде е префрлена откако ѝ се слошило после земање екстаза на една приватна забава.

Таа вечер околу 20 тинејџери присуствувале на приватна забава. И сите го пробале тоа што го донеле. Постојат екстази од Кина кои се појавија пред скоро време, а секој различно реагира на нив.Поради смртта на Софија, уапсен е 21-годишниот Никола Б. од истиот град, поради сомнение дека ја донел дрогата на забавата. Според соопштението на српската полиција, Никола на забавата донел 7 вакви таблети, од кои Софија земала една.

Луѓето кои ја познавале Софија, велат дека девојчето било од угледно семејство.

-Нејзините се сопственици на салон за мебел во Аранѓеловац. Луѓе кои се стекнале со работа и труд. Таа вечерта ја пробала екстазата од чиста љубопитност и најверојатно првпат во животот, бидејќи друштвото околу неа користело. Се зборува дека екстазата од Кина е 5 пати посилна од некогашните домашни и дека за нечиј организам делуваат кобно. Таа земала една таблета – велат соговорници упатени до истрагата за српски Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top