вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Се уште се трага по Викторија Настевска: Родителите имаат една молба

Викторија Настевска (15) од село Суводол, Демирхисарско, исчезна пред шест дена, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде

Последен пат е видена во петокот во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.
Веќе шест дена се трага по 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, која е исчезната во петокот.
„Барем гласот да и го чуевме, но и тоа не можеме, бидејќи Вики дента намерно или не својот телефон го оставила дома. Беше одлична ученичка, секогаш на време си доѓаше по часовите дома, никогаш се немаше случено да задоцни, а колку што знам немаше ни дечко“, изјавил таткото на Викторија за „Вечерпрес“ и уште еднаш замолил за помош во потрагата.
Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на
078 425 497 или 075 410 664.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top