вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 82 ново

Вработен на аеродром заедно со багажот се натоварил и себеси во авион

Да се заспие на работа не е баш добра идеја, но доколку никој не ве фати, тогаш тоа не е нешто страшно. За жал, ова не може да се каже и за еден случај на аеродромот во Канзас Сити.

Имено, вработен на овој аеродром, кој работел на товарење багаж во авионот, заспал во делот на авионот предвиден за багаж и одлетал за Чикаго.

Дваесет и седумгодишното момче дури и не почувствувало кога авионот слетал, па вработените на аеродромот во Чикаго го пронашле во багажникот. Не е познато дали тој спиел цело време или се разбудил во средината на летот.

Портпаролка на компанијата „Американ ерлајнс“ изјави дека работникот случајно заспал и дека по слетувањето немало потреба да добие медицинска помош.

Иако авиокомпанијата била загрижена за неговото здравје, сигурно не била задоволна и од неговото однесување, кое сепак јавно не го коментирала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top