вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 59 ново

Тепачка во „Белата Куќа“, интервенирале тајните служби (Видео)

Белата куќа му ја одзеде акредитацијата на новинраот на Си-ен-ен, Џим Акост, и тој повеќе нема да може да известува од Белата куќа, ниту ќе може да му поставува прашања на американскиот претседател.

Причината за ова е жестоката дебата меѓу него и претседателот на прес-конференцијата на Доналд Трамп по изборите во САД.

Акост имал неколку прашања за Трамп, вклучувајќи го и оној поврзан со истрагата на Роберт Милер, како и за импичментот.

Трамп остро одговори на прашањата на Акост.

„Тоа е доволно“, „Седни“, му рече Трамп на новинарот притоа навредувајќи го дека е ужасна личност, а исто така целиот овој настан беше проследен и со фактот што една помлада жена, наводно, практикант во Белата куќа, се обиде да му го одземе микрофонот на новинарот, пишува Си-ен-ен.

Новинарот на Си-ен-ен на својот твитер-профил веднаш по инцидентот напиша дека неговата акредитација е одземена и дека причината за тоа е токму инцидентот што се случил за време на прес-конференцијата на Трамп.
Набргу потоа, Сара Хакаби Сандерс, портпаролката на Белата куќа, исто така на социјалната мрежа во низа пораки се обиде да објасни што точно се случило.

„Претседателот Трамп се залага за слобода на печатот и очекува и добива тешки прашања за него и за администрацијата. Меѓутоа, ние нема да толерираме репортер да крене раце на една млада жена која само се обиде да си ја заврши својата работа како практикант во Белата куќа “, напиша таа.

Сандерс додаде дека воопшто не е фер што репортерот на Си-ен-ен ги игнорирал своите колеги не дозволувајќи им да поставуваат прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top