вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 55 ново

29-годишно момче го извршило нападот во Калифорнија, мотивот за пукањето сè уште не е познат

Локалните власти го идентификувале напаѓачот кој во ноќениот клуб во Калифорнија уби најмалку 12 луѓе.

Лицето чиј идентитет засега не е јавно соопштен има 29 години.

The Latest: A law enforcement official says authorities identified a 29-year-old man as the gunman that killed 12 people at a California bar. They say he deployed a smoke device and used a .45-caliber handgun. https://t.co/W1yeS1mk3h

— The Associated Press (@AP) November 8, 2018

Мажот кој отвори оган и уби најмалку 12 луѓе користел пиштол-калибар 45, изјави за АП неименуван полициски претставник. Десетина други се повредени.

Полицијата исто така соопшти дека напаѓачот бил најден мртов внатре во клубот. Неговиот мотив за пукањето засега сè уште не е познат.

Во моментот на нападот во клубот имало најмалку 200 луѓе, кои биле принудени да се спасуваат бегајќи преку прозорци или криејќи се во тоалетите.

Пукањето почнало синоќа по 23 часот по локално време, во клубот „Бордерлин бар и грил“ во Таузанд Оукс, Калифорнија, на околу 65 километри североисточно од Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top