вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 67 ново

Вкупно 144 граѓани го тужат Град Скопје бидејќи ги каснало куче

144 тужби има во моментов добиено Град Скопје од граѓани кои биле каснати од куче на улица односно на јавна површина, пишува СДК.

„Согласно евиденцијата на Град Скопје од 2016 година до сега, моментално се активни 144 судски предмети со основ надомест на штета настаната како резултат на каснување од куче, од кои 97 предмети се во прв степен пред Основниот суд Скопје 2 Скопје, а 47 предмети се во жалбена постапка пред Апелациониот суд Скопје. Повеќето тужби завршуваат во полза на граѓаните“, велат од Град Скопје.

Според податоците од Град Скопје во просек годишно сто граѓани поднесуваат тужба бидејќи биле нападнати, каснати и повреди од улични кучиња. Речиси сите тужби завршуваат со полза на граѓаните, а обесштетувањето кое потоа им го плаќа Градот се движи од 1.000 до 2.000 евра. Со тоа од буџетот на Град Скопје годишно околу 100.000 евра се даваат за обесштетување на граѓани од каснато куче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top