вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 69 ново

„Македонија е грчка” ечеше на погребот на убиениот Грк во Албанија (ВИДЕО)

Денеска во селото Буларат во близина на албанско-грчката граница беше погребан Константинос Кацифас (35), кој беше убиен од албанската полиција, откако пукал со калашников кон полицајци, кои сакале да тргнат грчко знаме, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

На погребот освен членови на фамилијата, присустуваа и жители на селото, Грци што живеат во Албанија, но и Грци од Грција.

Меѓу присутните беше и лидерот на партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партијата за заштита на човековите права, Вангел Дуле, кој рече дека вистината за убиството на Кацифас мора да излезе на виделина и грчкиот пратеник од Нова демократија, Савас Анастадиас.

Албанските медиуми известија дека на неколку Грци, кои од полицијата биле препознаени како екстремни националисти им бил спречен влез во Албанија.

Погребот сепак не помина без политика. Една од главните пароли беше „Македонија е грчка”.

Како што известуваа грчките медиуми денови, Кацифас учествувал на протестите за името Македонија.

На погребот не беше „поштеден“ ни премиерот Алексис Ципрас.

Убиството на Кацифас предизвикаа тензии во односите помеѓу Албанија и Грција, а од пред неколку дена во истрагата за убиството се вклучија и грчките власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top