вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 55 ново

Промовирана „Хрониките на Арслан Новинарски“ од Иван Шопов: Книгата е духовите сеизмограф на нашето време

Во Младинскиот културен центар синоќа беше промовираша книгата „Хрониките на Арслан Новинарски“ од Иван Шопов. Книгата ја промовираа Ѓоко Здравевски и Ѕвездан Георгиевски.

фото: Сашо Димовски

-Хрониките на Арслан Новинарски е духовит сеизмограф на нашето време. Овие текстови во годините што следуваат ќе можат да се читаат како еден вид исчашена алтернативна историја на она што ни се случуваше во изминатите десетина години. Алтернативна историја, која додека ја читаме ќе не насмејува, но често во таа насмевка ќе има и горчлива нишка. Ама таква беше и нашата стварност, вели Владимир Јанковски.

Иван Шопов е роден на 25 јули 1987 година во Скопје, каде завршува основно и средно училиште. Моментално е апсолвент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Објавувал раскази и песни во списанија на македонски, српски, словенечки и германски јазик. Во 2010 година за книгата раскази „Азбука и залутани записи” издавачката куќа Темплум му ја доделува наградата „Новите!” за најдобра дебитантска прозна книга. „Меше на годината” е негова втора книга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top