вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 55 ново

Пронајдени шест гранати на Пелистер

Во Полициската станица Битола вчера било пријавено дека при извршување градежни работи на место лоцирано до патот на националниот парк „Пелистер“ биле пронајдени шест стари неексплодирани гранати.

Од страна на пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за стари неексплодирани артилериски гранати калибар 75мм од Првата светска војна.

Гранатите биле безбедно подигнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top