сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Моден викенд Скопје објавува отворен повик за учество на шоурумот „Обединета мода“

Моден викенд Скопје објавува отворен повик за учество на шоурум „Обединета мода“ 2019 година.

– Ако сте дизајнер од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција и Вашата цел е меѓундародна презентација и развој на брендот, тогаш Вашето место е на шоурумот „Обединета мода“ – велат од Моден викенд Скопје. Моден викенд Скопје кој е дел од интернационалното здружение кое го реализира проектот „Обединета мода“ (United Fashion ) и идната година ќе биде домаќин, обајвува отворен повик за сите домашни и регионални дизајнери кои ќе земат учество за време на Моден викенд Скопје од 29 март до 1 април 2019 година.

– Со нашите партнери ќе одбереме вкупно 36 регионални и дизајнери од Европа (Белгија, Франција, Португалија, Фландрија, Латвија, Германија и Велика Британија) кои ќе бидат учесници на шоурумот во Скопје за да го презентираат и запознаат модниот (текстилниот) пазар на Југоисточна Европа. Шоурумот ќе го посетат интернационални купувачи и претставници на медиумите. Исто така селектираните учесници ќе имаат шанса да учествуваат на средби за вмрежување и работилници – велат од Моден викенд Скопје. Активностите ќе вклучат презентација на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците од индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики од страна на селектираните дизајнери и букирани Б2Б средби помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.

Главната цел на проектот „United Fashion SEE Showroom“ во Скопје, 2019 година е промоција на модните дизајнери од Југоисточна Европа пред интернационалните купувачи и претставници на медиумите како и поврзување на дизајнерите од Европска унија со македонските  фабрики. Проектот зазема пристап за зајакнување на конкурентноста преку мулти-државна соработка меѓу поединците и малите и средни претпријатија во модниот сектор во регионот и за промоција на ЈИЕ како една економска област на меѓународната сцена.

Освен Моден викенд Скопје дел од проектот „United Fashion“ се европските здруженија за поддршка на модната индустрија: MAD Brussels (Белгија), Flanders DC (Фландрија), ModaLisboa (Португалија), Baltic Fashion Federation (Латвија), Maison de Mode (Франција) , Fashion Council Germany (Германија) and Not Just A Label (Велика Британија). „Обединета мода“ ја доби и поддршката од програмата „Creative Europe“ на Европската унија.

Апликацијата и повеќе детали ќе најдете на следниот линк https://fashionweekendskopje.mk/mk/uf mk/moden-vikend-skopje-objavuvaotvoren-povik/ Пополнетата апликација испратете ја на info@fashionweekendskopje.mk и info@united-fashion.eu , најдоцна до 5 декември, 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top