вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Движењето „Македонија блокира“ пред домот на Муковски го повика тој да не гласа за уставните измени

Припадинци на Граѓанското движење против уставните промени „Македонија блокира“ вечерва од пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани ги почнаа своите најавени протести пред домовите на пратениците од опозицијата кои гласаа за потребата од уставни измени.

Откако демонстрантите пристигнаа, Мукоски ги пречека и дел од нив влегоа во неговиот дом, а останатите играа оро пред куќата со свеќи во раце.

Протестот е дел од кампањата на „Македонија блокира“. Демонстрантите пред домот на Мукоски пееја „Едно име имаме” и му порачаа да не го менува името на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top