вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 69 ново

Се отстрануваат недоличните графити во Карпош

Општина Карпош денeска спроведе акција за отстранување на графити со навредлива содржина испишани по фасадите на зградите, соопшти Општината.

Бојосувањето и отстранувањето на графитите ќе продолжи и во наредните денови на места кадешто пораките со недолични содржини најмногу се присутни, а тоа е во населбите Карпош 1, 2, 3 и 4, Тафталиџе 1 и 2, како и во околината на урбаната заедница Владо Тасевски. Локалната самоуправа ја спроведува оваа акција со цел да се отстранат „невкусните“ пораки исцртани низ Општината и да се сочува културниот и урбан лик на Карпош, стои во соопштението.

Општина Карпош апелира до сите граѓани на Општината да не ја користат креативноста за испишување графити со недолична содржина која може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост и која може да ја наруши урбаната култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top