вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 59 ново

„Заводлив” танц на принцот Чарлс: За време на посетата на Гана ѝ покажа на Тереза Меј како се танцува (Видео)

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила моментално се на турнеја низ Западна Африка во име на британската влада, а наследникот на тронот за време на посетата на Гана ги покажа и своите танцувачки способности, пренесува Дејли Меил.

Тој танцуваше со танчерите во Гана на нивната традиционална музика на културна манифестација. Медиумите пишуваат дека тој ги воодушевил присутните, дури ѝ дал домашна задача на британската премиерка Тереза Меј, чии танцувачки движења ги коментираа медиумите во текот на претходните месеци.

Само што слетале со сопругата во Гана, биле пречекани со танчери, а потоа следуваше и турнеја до дворецот кој бил тврдина за робовите за време на владеењето на Данска и Британија.

Принцот преноќил во собата каде што неговата мајка престојувала во 1962 година, а добил и бројни детски книги за “боите на Африка” кои се наменети за неговите внуци, како и многубројни други сувенири.

Споменатиот дворец стана седиште на владата во Гана, откако бил потпишан договорот со кој Гана се стекна со независност во 1957 година, пренесува Дејли Меил.

Кралскиот пар ја започна турнејата во Гамбија на Ноќта на вештерките и тогаш присуствувале на културен перформанс во хотел со пет ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top