сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Мијата манекенка на Моден викенд Скопје

Македонската пејачка Мијата синоќа беше дел од манекенките кои ја претставија новата колекција на Сара Реџиќ која учестуваше на завршната вечер на 18. Моден викенд Скопје.

Реџиќ на штотуку завршеното есенско издание на Модниот викенд ја претстави својата колекција „Феникс“.

-Постојат различни верувања за птицата Феникс. Опишан е како златна или шарена птица. Според некои составен е од најубавите делови од сите птици во светот и сметаат дека е најубавата птица што некогаш постоела. За мене е најинтересен фактот што Фениксот е бесмртен и секој пат повторно се раѓа од пепелта. Целта ми беше сите работи кои според мене се многу убави и интересни да ги соберам на едно место, во една целина. Не се базирам на модните трендови, сакам безвременски парчиња кои и денес и после 10 години ќе изгледаат убаво – вели Реџиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top