сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 21 ново

Промовиран необјавениот албум на Тоше Проески, слушнете ја насловната песна (видео)

Фото: МИА

Синоќа во спортската сала “Борис Трајковски” во Скопје се одржа концертот во чест на Тоше Проески.

Одново одекнаа неговите најголеми хитови, а на концертот беше промовиран и новиот албум на Тоше “Secret Place” (Tajно место).

Со песната „Игри без граници“, пуштена на видео-бим, со многу емоции, насмевки и солзи, почна концертот. Фановите во еден глас го пееја хитот на починатиот пејач. Фановите на Тоше направија уште едно ѕвездено небо за него.

Први на сцената излегоа Огнен Здравковски и Денис Димоски кои ја испеаја песната „Лагала нас мала“, што Тоше ја пееше дует со Тони Цетински. По нив настапија Александра Јанева, па Александар Тарабунов, Антониа Гиговска, Наум Петревски.

Внукот на Тоше, Кристијан ја испеа песната We Are Blood, неговата прва песна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top