сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 18 ново

„Голока“ и „Токсиколизи“ со првата заедничка колекција за скопските хипхопери

Денеска, 2 ноември, во скопскиот локал „Концепт 37“ со почеток во 20 часот ќе се случува промо забава на улична мода (street wear)  брендот „Голока“ од Бугарија, кои за прв пат ќе се претстави пред скопската публика со својот бренд.

Дизајните што ќе ги презентираат се рачна изработка од страна на познати графитџии и дизајнери од Бугарија како Насимо, Гален Желјазков – Омерта и  други.

Голока е супер фраерски бренд кој доаѓа од соседството, и кој ќе ги презентира своите кул дизајни на облека – маички, капи, блузони итн. Постојат повеќе од 5 години и се афирмиран  бренд кој има продажна мрежа во Бугарија, Канада, Чешка…

Голока, заедно со домаќините Токсиколози – Џоле, Сиги и Кацар, ќе ви ја претстават и првата соработка со скопските хипхопери, односно новата линија на маици – Токсиколози едиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top