сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 22 ново

Раскошни, боемски и елегантни креации на Лидија Георгиева го отворија 18. Моден викенд Скопје

Со јубилејната колекција „Милион милји време“ на познатата дизајнерка Лидија Георгиева, вчеравечер започна осумнаесеттиот Моден викенд Скопје, за прв пат на ексклузивната локација „F.A.M.E.’S“.

– Приказната се одвива во атмосфера на патување, целиот креативен процес и изработка се резултат на
едногодишно континуирано патување низ Европа. Дел од моделите дури се работени во автомобил во
движење, некаде низ континентот. Пробивањето на личните и општествените ѕидови и бариери, уживањето
во неограниченоста, потрага по слободата, слобода на изразот и силното чувство на слобода кога патуваме
се тема на колекцијата – вели Георгиева.

Креациите ги содржат препознатливите елементи на изградениот стил на Георгиева – луксузни материјали, тантели, плетени дизајни, како и отпечатоци. Силуетите се раскошни, боемски и елегантни, а во некои од нив се за прв пат презентирани и дизајни од ексклузивната соработка со францускиот бренд Фејмс – колекција рачно плетени модели.

Моден викенд Скопје продолжува вечерва во „Скопје Мериот Хотел“ инаку официјална локација на
осумнаесеттиот Моден викенд Скопје, со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот
#sustainabestorymk. Вечерва ќе го видиме и најновите креации на дизајнерките Ирина Тошева, Теодора
Митровска, Кренаре Ругова и Силвија Михајловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top