сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Модата како дел од екосистемот е темата на 18. Моден викенд Скопје кој почнува денеска

„Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“ е темата на 18. Моден викенд, кој од денеска до 4 ноември ќе се одржува на две локации во Скопје.

Модниот викенд го отвора дизајнерката Лидија Георгиева во студиото на македонскиот симфониски оркестар за филмска музика „Ф.А.М.Е.С“ и по повод 20 години од создавањето на својот бренд, ќе ја претстави роденденската колекција „Милион милји време“.

Од утре, официјална локација за ревииите ќе биде „Скопје Мериот хотел“, кадешто ќе се претстават македонските дизајнери, како Ирина Тошева, Теодора Митровска, Силвија Миха, Олгица Ѓоргиева, Сара Реџиќ, како и дизајнери од Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top