сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Пинкови ѕвездички на Алфа ТВ – Антонија Гиговска повторно ќе не воодушевува

Пејачката Антониа Гиговска (17) од Скопје ќе биде дел и од новата петта сезона на најгледаната емисија за деца во регионот “Ѕвездичките на Пинк- ол старс”.

Меѓу најдобрите учесници од предходните четири сезони ќе се натпреварува и нашата претставничка од Македонија.

Ексклузивно за Алфа телевизија таа вели дека нема посебни очекувања, само сака повторно добра забава со пријателите стекнати од ова шоу.

”Немам посебно очекувања со оглед на тоа што сум веќе на познат терен, сакам само добра забава со пријателите, другото е неважно”, вели Гиговска за Алфа.

Ја прашавме дали се плаши од новиот состав на жирито и какво и е искуството со предходните членови на жирито. “Не се плашам од никого од жирито, а што се однесува до предходните јас сум многу задоволна, тие сѐ уште ме следат и ме поддржуваат во мојата работа. Неизмерно сум им благодарна” , рече пејачката. Таа додава дека сцената на Ѕвездичките на Пинк и донела големо искуство, сигурност на сцената.

„Ставот, држење на телото, пеење и играње на сцената сето тоа е многу тешко, јас со помош на поискусните пејачи таму кои многу ми помогнаа успев да научам”, вели Антониа.

На оние,пак, кои ќе се натпреваруваат оваа сезона таа им препорачува да бидат сигурни во себе.

“Да се опуштат, да бидат тоа што се, да не ги слушаат другите. Секако да одбираат песна што им лежи и најважно, да ги почитуваат коментарите од жирито, вели Гиговска.

Премиерно од оваа недела (28.10.2018) со почеток од 18:55 ексклузивно на АЛФА ќе имате можност да ги следите новите епизоди од Ѕвездите на Пинк- ол старс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top