недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Ова се најсреќните земји во Европа, еве како е рангирана Македонија

Честопати се поставува прашањето колку една нација е навистина среќна. Своевремено, во медиумите се појави информација дека граѓаните на државата Бутан се најсреќните луѓе на светот.

Врз основа на тоа, интересно е да се истражи и што е со Европа и која земја има среќно население, а која не. Одговорот на тоа прашање го дава и оваа мапа од 2017 година.

Имено, според мапата, најмалку среќно население имаат државите од Балканот како Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија. Од друга страна, земјите како Србија, Романија и Словенија имаат малку подобра позиција и спаѓаат помеѓу посреќните земји во Европа.

Корисниците на Редит сметаат дека мапата е многу интересна, а многумина коментирале дека среќата на населението зависи од тоа кој со кого се граничи. Тие коментирале дека можеби жителите на една земја се потажни бидејќи граничат со друга земја, или другите се посреќни бидејќи тие се потажни.

Кога станува збор за земјите кои се најсреќни, во оваа категорија спаѓаат Исланд, Ирска, Германија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска итн. На пониска позиција од нив се земјите кои се карактеризираат само како среќни, а тоа се Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Италија и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top