четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Не се знае дали ќе преживее Дарко Лазиќ (ФОТО)

Српскиот пејач со тешки повреди се наоѓа на интензивна нега во земунската болница, откако утрово доживеа тешка сообраќајка по која се бори за живот. Дваесет и седумгодишниот Дарко Лазиќ, кој годинава неколкупати ги полнеше балканските таблоиди кога го фатија со дрога и се разведе, со автомобилот излетал од патот и се превртел на кров, а потоа едвај го извадиле од смачканото возило.

Во моментот на несреќата тој во своето БМВ бил сам, а го извлекувале пожарникари. Пејачот немал појас, тешко е повреден и ќе му се земе крв да се види дали бил пијан.

Дарко Лазиќ е во животозагрозувачка состојба. Не е опериран, зашто лекарите не знаат дали има внатрешно крвавење. Успеале да му ја наместат скршената бутна коска, на апрати за дишење е и е во вештачка кома.

Курир дознава дека има хематом на главата и е интубиран, има скршени ребра, нога, бутна коска…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top