четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 108 ново

Бомба во поштенското сандаче во куќата на Сорос: Кој сака да го ликвидира милијардерот?

Кој сака да го ликвидира милијардерот Џорџ Сорос? Ова прашање се поставува откако во поштенското сандаче во Округот Вестчестер во Њујорк пред куќата на Џорџ Сорос била пронајдена експлозивна направа, објавија светските медиуми.

Според пишувањата, бомбата не експлодирала, а локалните техничари „проактивно ја детонирале“.

– Вработен во резиденцијата го отворил пакетот и го пронашол она за кое се сомневавал дека е експлозивна направа. Тој го однел пакетот во околната шума и повикал повикал полиција, соопштила локалната полиција.

ФБИ во Њујорк на Твитер соопштил дека спроведува истрага „во и околу резиденцијата“, но е убедена дека има закани по безбедноста на Сорос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top