четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Николоски: Обвинителството по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани и поткуп на пратеници

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го повика Јавното обвинителство по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници пред собраниската седница на која се гласаше за отворање на уставот, со цел реализирање на договоот со Грција, според кој Македонија го менува уставното име.

Поради сомнение за вршње поткуп и притисок врз пратениците, вечерва ЦК на ВМРО-ДПМНЕ исклучи неогашни високи функционери од партијата.

Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Митко Јачев и Костадин Богданов исклучени од ВМРО-ДПМНЕ (видео)

Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ но и на Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел да гласаат за уставните измени, а користејќи најниски методи, ЦК го разреши потпретседателот на партијата Митко Јанчев, согласно статутот на партијата тоа го направи со тајно гласање на коешто сите членови на ЦК гласаа тајно и резултатот беше едногласно сите одлучија дека истиот треба да е разрешен. Понатака, го разреши членот на Извршниот комитет Константин Богданов. ЦК заради истите причини побара од матичните општински комитети да поведат дициплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров. Понатака, ЦК побара 8-те пратеници коишто мандатот го добија затоа што беа на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а го изневерија народот како и програмата заради која што се избрани, веднаш да поднесат оставки на своите позиции, затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните, рече Александар Николовски, потпретседател на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара осумте пратеници кои го изневерија народот да ги вратат своите мандати

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top