четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Старова Исмајловска најави нова пратеничка група

Пратеничката Нола Исмајлоска Старова најави дека е возможно формирање на посебна пратеничка група која ќе делува независно од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на која таа до неодамна припаѓаше, но беше исклучена од партијата откако гласаше за промена на Уставот.

Старова во емисија на ТВ 24 рече дека пратениците кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ имаат потреба да придонесуваат и натаму политички во Собрание на РМ и е сосема извесно дека тоа може да го прават преку посебна пратеничка група.

Осум опозициски пратеници изминатиот петок дадоа поддршка на процесот на уставни промени заради имплементирање на Договорот со Грција.

Седум од нив беа членови на ВМРО ДПМНЕ, сега сите исклучени од партијата. Излегување од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ најави и пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, коалициски партнер на оваа партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top