четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 103 ново

Нема потреба од вонреден конгрес, Мицкоски доби целосна поддршка на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ доби целосна поддршка на вечерашната седница на Централниот комитет на партијата. Според извори на ВМРО ДПМНЕ едногласно била отфрлена потребата од вонреден конгрес.

Седнцата која почна во 19 часот, е се уште во тек,  и на неа се очекува да бидат потврдени одлуките од состанок на Извршниот комитет на партијата од петокот.

Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top