сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Две недели без топла вода: Студенти протестираа во дворот на студентскиот „Стив Наумов“

Група студенти сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“ одржаа мирен протест во дворот на домот бидејќи две недели немале топла вода ниту греење.

Порачаа дека проблемот се решава две недели, но резултати нема.

– Ни студи и не можеме да се избањаме. Цевките од парното две недели стојат во дворот, раскопано е, но никој не работи. Не можеме веќе вака- изјавија тие.

После најавата на студентите дека ќе протестираат бидејќи две недели немале топла вода, ниту греење, со соопштение се огласи Државнот студентски центар. Оттаму велат дека екипи го решаваат проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top