сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Што имаше во доказите презентирани денеска, а беше „пропуштено“ во обвинението за 27 април?

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжија рочиштата од судењето за 27 април, со презентирање на видеоснимки од страна на Обвинителката Вилма Рускоска. На овие снимки се забележаа повеќе моменти кои не само што не беа опфатени во обвинението, туку и додека се презентираа обвинителката не ги коментираше. Таа дуи и се обиде да ги изигнорирам бидејќи не и одговараат на квалификацијата за усогласени и координирани терористички дејствија меѓу 33-цата луѓе обвинети за тероризам.

На снимките што беа презентирани денеска во судот се гледа како при влезот на граѓаните во Собранието, пратеникот Љубен Арнаудов ги насочува граѓаните да влезат во пленарната сала, а не да одат по скалите нагоре, како што тврди обвинителство. Во една од снимките над скалите се гледа како дел од граѓаните кои се качуваат нагоре по скалите, се спречени од Горан Ѓошевски – Леви, шефот на обезбедувањето на Трајко Вељановски кој со раширени раце „како ракометен голман“ направи пречка за да се качуваат нагоре. Снимките покажува дека што масата народ застана и се врати по скалите долу.

Обвинителството не ја искоментира снимката во која јасно се гледа дека обвинетитот Богдан Илиевски кога во еден момент забележува дека неколкумина од горниот дел на скалите ги повикуваат граѓаните да тргнат нагоре, застанува пред насобраните граѓани во холот, на долниот дел од скалите, свртен со грб кон полицијата од ЕБР и со рацете им покажува да сопрат и да останат долу во холот, после што луѓето застануваат и не се качуваат нагоре. Овој момент беше дополнително нотиран од страна на адвокат на Илиевски, а обвинителството не го искоментира овој момент додека одеше презентацијата на доказите во судницата.

Во обвинението буквално се исфрлени сите делови во кои се повикува на избори. Во говорите на Борис Дамовски и Богдан Илиевски има повици дека оваа криза ќе заврши на избори, дека граѓаните остануваат на улица да протестираат, како и дека ќе продолжат да протестираат мирно како и сите претходни 60 дена. И ова го нема во обвинението, таму се буквално исфрлени сите делови во кои се повикува на избори и се презентирани само мали фрагменти од нивните говори, исечени парчиња кои после обвинителството ги толкува како потпалување на толпата која беше потпалена од пеењето на албанската химна, а не од повиците за избори.

На денешното рочиште обвинетитот актер Владо Јовановски забележа дека од неговиот говор кој имал за цел да го привлече вниманието на граѓаните во салата и да ја смири атмосферата, биле изземени/исечени делчиња кои ќе го дадат целиот контекст, како и дека погрешно е пренесен неговиот говор во кој не говори за „одвратни“ пратеници туку за „одметнати“, како што појасни Јовановски.

За обвинителството, Дурловски засега останува „терорист“ затоа што се качил на говорницата во Собрание. Обвинителството за него не презентираше никаков говор, иако тврди дека и тој ја потпалувал толпата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top