четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Иво Санадер осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање

Поранешниот премиер на ХДЗ и претседател Иво Санадер е осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање.

Според судијата, Санадер ја искористил својата позиција и извршил дела на злоупотреба на службената положба и воено профитирање. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, а времето поминато во притвор ќе биде вклучено во казната. Исто така, Санадер треба да врати 3,6 милиони куни (околу 486 000 евра) во хрватскиот буџет, колку што стекнал незаконски.

-Оваа пресуда е преседан бидејќи е прва пресуда за воено профитирање- рече судијката Галешиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top