вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Користат весници или крпа место хигиенски влошки: Поразително истражување за менструалниот циклус во Македонија

Во периодот на месечен циклус, дури 90% од ученичките во руралните средини не одат на училиште 4 до 5 дена во месецот. 75% од ученичките во урбаните средини пак изостануваат 2 до 3 дена месечно бидејќи имаат менструација, покажа истражувањето на здружението „Новинари за човекови права“. Алармантно е и тоа што 15 отсто од испитаниците одговориле дека не користат никакви хигиенски средства за време на месечниот циклус.

„На прашањето какви средства се користат во Македонија, 80 отсто ги користат стандардните хигиенски влошки, само 5 отсто одговорија дека користат тампони, 15 отсто од анкетираните одговориле дека не користат никакви хигиенски средства. Главно станува збор за девојчиња, бидејќи велат дека најчесто мајките одат на работа и треба да донесат пари и за нив (менструални влошки) мора да има. Ама девојчињата можат да седат дома и да не одат на училиште. Се снаоѓаат со самонаправени текстилни влошки, хартија, и што е уште пострашно, весници. Имавме примери каде бабата вели – користи весник, немаме друго“, појаснува Наташа Доковска Спировска, од „Новинари за човекови права“.

Истражувањето направено во април и мај годинава, покажало дека само во едно приватно училиште во Општина Велес, има услови, за управување со менструалната хигиена. Во ниту едно училиште, пак, нема основни производи за одржување на хигиената за време на месечниот циклус, како сапун, тоалетна хартија и посебна корпа за менструални влошки или тампони.

Целото истражување на Радио МОФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top