вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Рамчиловиќ: Донесовме тешка, но одговорна одлука

Пратеникот од опозицијата Зекир Рамчиловиќ, еден од осумтемина пратеници кои ги подржаа уставните измени, веднаш по гласањето испрати соопштение преку Здружение за културно обединување на Бошњаците од Македонија „Аваз“ ги образложи причините за неговата одлука.

-Република Македонија се наоѓа во исклучително тежок период. Најголемата одговорност за ваквата ситуација ја има власта предводена од СДСМ која веројатно со добри намери направи големи грешки во преговарачкиот процес со Република Грција и не доведе во ситуација од која и покрај лошиот договор не смееме да се враќаме назад. Односно, ситуација во која секое враќање назад би предизвикало далеку поголеми штетни последици врз Република Македонија и нејзините граѓани отколку започнувањето на процесот за уставни промени. Поради тоа дел од пратениците на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ донесоа тешка, но пред се одговорна одлука со која ќе гласаат за потребата од започнувањето на процесот за уставни промени, но со одредени барања и услови кои и се познати на јавноста.

Здружението АВАЗ ја подржува ваквата одлука и смета дека предлозите се добра основа за постигнување на заеднички прифатливо решение со кое ќе се обезбеди национално помирување и ќе се продолжи кон побрзо интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Здружението АВАЗ во работењето целосно е посветено на подобрување на положбата на Бошњаците и на сите македонски граѓани и така и ќе продолжи во наредниот период, а ова е и чекор во тој правец, пишува во соопштението од АВАЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top