четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Нема цртани филмови на „Дизни“ за ќерката на оваа холувудска актерка

Кира Најтли, како и многу нејзини колешки како Ема Вотсон, Скарлет Јохансон, Џенифер Лоренс, Мерил Стрип, Џејн Фонда и други се јавуваат како едни од најпознатите борбени феминистки во Холивуд.

Деновиве пред Елен Деџенерис актерката призна дека дури и не ѝ дава на својата ќерка да ги гледа филмовите на Дизни. Затоа пак гостувањето на Најтли во шоуто на познатата водителка е по повод учеството во продукцијата „Оревокршачка и четирите кралства”.

И покрај продукцијата на Дизни, Кира предизвика некои од анимациите на филмската компанија. Таа признава дека нема да ѝ дозволи на нејзината 3-годишна ќерка, да ги гледа Пепелашка или Малата сирена, поради сексистичката приказна.

– Во сите овие анимации, жената е секогаш жртва, таа му бара на мажот помош. Зошто? Не може да си помогне! Јас не ги прифаќам таквите ставови  – рече актерката на шоуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top