четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Жена нападнала 12-годишни деца пред зграда во Ново Лисиче

Жена нападнала малолетни деца во Ново Лисиче.

Синоќа во 23:00 часот во Полициската станица Аеродром 42-годишниот Д.П. пријавил дека истиот ден околу 21:40 часот на булеварот „Видое Смилески-Бато“ пред зграда, додека неговиот 12-годишен син бил заедно со уште двајца негови другари, дошла 36-годишната Е.М.и физички ги нападнала.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top