сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Османи: Стенковец ќе добие меморијален центар на албанскиот холохауст во спомен на избрканите од војната на Косово

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој беше поканет на третиот Конгрес на лигата на Албанците во светот, се обрати пред присутните, каде што освен раководство и делегати на Лигата на Албанците во светот, присутни беа и многу други личности од различни области, бизнисот, културата, уметноста, а присуствуваше и вицепремиерот на Косово, Енвер Хоџај.

– Албанците насекаде ги живеат најсветлите моменти во нашата национална историја, со една Албанија во НАТО, која стабилно оди по патот кон Европската Унија, со независно и слободно Косово, кое пред неколку дена ја формираше своја војска и со Македонија што ја унапредува улогата на Албанците во нивната позиција за формирање и градење на државата, истакна Османи.

Заменик премиерот Османи пред присутните денес ексклузивно изјави дека се прават напори за заокружување на идејата за многу кусо време во областа Стенковец да се изгради најголемиот центар на албанскиот холохаус во спомен на сите оние кои беа протерани во војната на Косово и кои беа примени во Македонија, но и во спомен на минатото. Тој истакна дека ќе се изгради една платформа што ќе биде доволна за помирување на народите која е единствена гаранција за стабилен регион ориентирана кон интеграција во евро-атлантските структури.

извор: zhurnal.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top