сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

ОК ВМРО ДПМНЕ Струга ја повика Исмајлоска Старова да го врати пратеничкиот мандат

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга, Мирче Аџиоски, ја повика Нола Исмајлоска Старова, која гласаше за уставните измени, да го врати мандатот, како што рече, затоа што 7700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори не и дале легитимитет да гласа за промена на Уставот и името на Република Македонија.

  • Според тоа, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, по предлог на ИК на партијата, едногласно донесе одлука за поведување дисциплинска постапка-исклучување од партија на Нола Исмајлоска-Старова, која гласаше спротивно од партискиот став, но пред се, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија, рече Аџиоски.

Додаде дека Зоран Заев и неколку луѓе околу него, по секоја цена, без да се бираат средства успеале да обезбедат 2/3 (двотретинско) мнозинство, за жал со помош од 8 пратеници на опозицијата, меѓу кои и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Нола Исмајлоска Старова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top