четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 103 ново

„Ана засекогаш заврши со Раста“, бара старателство над ќерка си

Вчера како бомба одекна веста дека Ана Николиќ го исфрлила Раста од својот стан и дека е решена засекогаш да заврши со него.

Довчерашните сопружници не се достапни за изјави, но една од ретките пријателки на поп-пејачката сепа разговарала со новинарите на порталот svet.rs, замолувајќи да не го објавуваат нејзиното име.

-Не сакам да зборувам за да не ја повредам Ана. Знам дека веќе еден месец не сака да слушне за Раста. Тој никогаш нема да се смени, едноставно, неговиот начин на живот не е семеен и таа не сака повеќе да го трпи. Решителна е да остане сама и сама да се грижи за своето дете, кое е нејзиниот центар на светот“, изјави за „Свет“, пријателката на Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top