вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Меѓународната заедница бара транспарентна истрага за смртта на Кашоги

Поголем број земји, асоцијации и меѓународни организации го осудија убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и побраа спроведување транспарентна и независна истрага за случајот.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини повика на спроведување детална, веродостојна и транспарентна истрага за околносите за смртта на Кашоги.

– Новата информација за смртта на Кашоги е исклучително вознемирувачка и претставува шокирачко кршење на Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година. ЕУ, исто како и нејзините партнери, смета деја е неопходно спроведување на детална, веродостојна и транспарентна истрага, која ќе ги објасни околностите околу смртта (на Кашоги) и ќе гарантира дека одговорните за неа ќе бидат казнети, се наведува во писмената изјава на Могерини.

Властите во Ријад во петокот вечерта соопштија дека Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, каде дошол на 2 октомври за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка, по што му се загуби секоја трага. Саудиските власти досега беа на ставот дека Кашоги жив го напуштил Конзулатот, иако Турција тврдеше дека има докази оти новинарот е убиен во зградата на дипломатското претставништво.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан изјави дека објаснувањето на Ријад за смртта на Кашоги, не дава одговор на сите прашања и дека е потребна „целосна и темелна истрага“. – Многу прашања останаа без одговор. Тоа бара целосна и темелна истрага за да се утврдат сите одговорни за убиството на Џамал Кашоги и тие да одговараат за своите постапки, нагласи Ле Дријан.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од објаснувањето на Ријад за околностите за смртта на Кашоги, но нагласи дека е можно саудискиот престолоналседник, принцот Мохамед бин Салман да не знаел за случајот.

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во заедничко соопштение го осудија убиството на Кашоги, оценувајќи дека изнесените информации од страна на Ријад за случајот се неадекватни. – Најосто го осудуваме овој чин, наведуваат Меркел и Мас во соопштението, нагласувајќи дека бараат целосно расветлување на околностите под кои е убиен Кашоги и очекуваат транспарентност од страна на Саудиска Арабија.

Велика Британија најави дека ќе размисли за „следните чекори“, по официјалното признание од страна на Саудиска Арабија дека Кашоги не е жив. – Го изразуваме нашето сочувство до семејството на Џамал Кашоги по потврдата за неговата смрт. Ги разгледуваме саудиското соопштение и нашите следни чекори, соопшти британскиот Форин офис, додавајќи дека треба да се побара одговорност од виновниците за оваа „ужасна постапка“.

Холандскиот премиер Марк Руте побара натамошна истрага за смртта на Кашоги, оценувајќи дека засега многу работи остануваат нејасни. – Што се случило? Како починал? Кој е одговорен? Очекувам и се надевам дека колку што е можно поскоро ќе бидат разјаснети сите факти, изјави Руте.

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен, пак, ја обвини Саудиска Арабија дека не ја кажала целата вистина за смртта на Кашоги. – Самиот фалт дека Саудијците дури сега ја потврдија неговата смрт, откако претходно објаснуваа дека тој го напуштил Конзулатот жив, укажува дека ние не ја знаеме целата вистина и должни сме да настојуваме да ја дознаеме, изјави Расмусен.

Шпанската Влада соопшти дека е „запрепастена“ од информациите за смртта на Кашоги и повика на детална и транспарентна истрага, со цел пред лицето на правдата да бидат изведени „одговорните за инцидентот“.

Шефицата на канадската дипломатија Кристија Фриланд оцени дека објаснувањата на Саудиска Арабија за смртта на Кашоги се недоверливи и недоследни, нагласувајќи дека е потребно целосно и детално разјазнување на околностите во кои се случило убиството.

Новозеландскиот министер за трговија и економски развој Дејвид Паркер изјави дека Велингтон го осудува, како што нагласи, убиството на Кашоги „извршено од саудиски агенти“ и најави дека во знак на протест нема да учествува на инвестицискиот форум во Ријад, познат како „Пуситнски Давос“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека е „длабоко вознемирен” по потврда на Ријад за смртта на Кашоги и повика на „брза, целосна и транспарентна” истрага за околностите на убиството и побара целосна одговорност за оние кои биле вклучени во делото.

Организацијата Репотери без гранци повика да не се прави никаков компромис со Ријад околу убиството на Кашоги, бидејќи „секој компромис би значел давање дозвола за убивање“. – Секој обид да се намали притисокот врз Саудиска Арабија и да се прифати политиката на компромис ќе има како последица давање „дозвола за убивање“ на една монархија, која затвора, камшикува, киднапира и дури и убива новинари, кои ќе се осудат да истражуваат и да покренат дебати, изјави генералниот секретар на Репотери без граници, Кристоф Долоар.

Меѓународната федерација на новинари го осуди убиствопт на Кашоги и ги повика Вашингтон и Брисел да воведат санкции кон Ријад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top