четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 46 ново

Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“ (Видео)

Мексиканските власти соопштија дека ќе им дозволат влез во земјата на жените и децата, кои се меѓу мигрантите во најголемиот дел по потекло од Хондурас, кои чекаат да влезат во Мексико на премин на мексиканско-гватемалската граница.
Овие лица се дел од т.н. „мигрантски карван“, односно илјадниците мигранти од Средна Америка кои се упатија кон Мексико, со крајна цел да стигнат до САД.

Мексиканскиот амбасадор во Гватемала, Луис Мануел Лопез изјави дека властите во Сиудад Мексико решиле да им дозволат на жените и децата што се наоѓаат на границата да влезат во Мексико.

Според него, тие ќе бидат регистрирани од страна миграциските служби, по што ќе бидат сместени во прифатен центар во Тапачула, на околу 40 километри од градот Сиудад Идалго, во централниот дел на Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top