недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Лафазанис: Тоа беше ноќ на долгите ножеви, оргија на уцени

Да не се лажеме, Џефри Пјат во Атина и Џес Бејли во Скопје се вистинките владетели на Грција и на Македонја, држави кои станаа лабави протекторати на Америка и на НАТО, истакнува во својата реакција Панајотис Лафазанис, лидер на левичарската Народно единство.

Во реакција на парламентарното мнозинство за Преспанскиот договор кое го обезбеди премиерот Зоран Заев, тој вели:

„Ова е последен пример на лицемерие и потсмевање на луѓето од западните лидери, од Вашингтон до Брисел и Берлин, кои без трошка срам им  се доверуваат на вработените во Атина и во Скопје, кои се повеќе отколку Ципрас и Заев, зашто заедно, откако влегоа во истите стари чевли, што го покажа референдумот во Скопје, слично како што го направија со референдумот во Грција во 2015 година, успеаја да направат уште „една ноќ на долгите ножеви“, една оргија на уцени, притисоци за да обезбедат „да“ и точно да го имаат магичниот број на 80 пратеници“.

Според Лафазанис, единствени кои ќе имаат корист од Преспанскиот договор, доколку успеат да го завршат со макијавелистички методи, ќе бидат САД, НАТО, Брисел и бирократијата во „германска Европа“. Тој притоа истакнува дека „договорите не можат да се одржат на долг период само на потписите на владите и на парламентите кои се склони кон поткупи, притисоци и се водени од себични интереси, зашто на договорите им требаат народи“.

Поранешниот член на Сириза и некогашен министер во владата на Ципрас, политичката кариера ја продолжи со своја левилчарска партија. Беше и во популарната Синаспизмос која се претопи во Сириза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top