сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 19 ново

Македонските фудбалери до 17 години со гол во 95. минута загубија од Шпанија

Македонската репрезентација до 17 години доживеа несреќен пораз од Шпанија во првиот меч од претквалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза на УЕФА кој се игра во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонските момчиња беа на чекор до реми со големиот фаворит кој до победа дојде во последните моменти од натпреварот.

И двете селекции имаа свои шанси, Македонија не постигна гол предку Владан Новевски, па натпреварот во 95. минута го реши Салазар Париз кој беше стрелец на единствениот гол на мечот.

Претходно, во првиот дел од нашата група Израел со 6-0 победа против Фарските Острови.

Во второто коло за три дена, Македонија со почеток од 15:15 часот игра со Израел, додека Шпанија се среќава со аутсајдерот Фарски Острови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top