сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Започнува промената на времето, детална анализа

Најавената промена на времето започна и тоа во поглед на зголемената облачност над македонското небо, локално во северните и централните предели од државава веќе се бележат и слаби локални врнежи од дожд.

За време на овој викенд ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, ќе има и повремени претежно послаби врнежи од дожд и тоа од локален карактер а не се исклучува можноста и за ретки грмежи. На повеќе места ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој локално ќе засилува по интензитет додека маскимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 18 до 25 степени.

На почетокот од новата недела ќе има позначителен пад на температурите на воздухот а исто така ќе има и повремени локални врнежи од дожд, поради падот на температурите на воздухот и заладувањето на високите планини не се исклучува можноста и за слабо провејување на снег. Максималните температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 19 степени додека пониски ќе останат на запад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top